Мајка од Дебар фатена како го тепа синот и го тера да питачи

by fokus

Мајка од Дебар е приведена под сомнение дека го тепала и го присилувала да питачи својот осумгодишен син во Струга.

Според пријавата, вчера околу 15.30 часот на улица „Климетица“ во Струга, дваесет и осумгодишната мајка го тепала и терала синот да питачи.

Од полициски службеници и претставници од Центарот за социјални работи малолетникот бил пренесен во Општата болница во Струга каде му била укажана лекарска помош и констатирани телесни повреди, по што бил пренесен и сместен во Јавната установа „Мајчин дом за доенчиња и мали деца“ во Скопје.

По целосно документирање на случајот ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава.

Поврзани новости