692
Женско тело со траги од крв е најдено во стан во Скопје, ноќеска, информираа од МВР.
Според информациите од полицијата, вчера во 03.30 часот во СВР Скопје, Г.Т.(20) од Скопје пријавила дека нејзината мајка Л.Т.(45) од Скопје, од 17.04.2020 не ѝ се јавувала на телефон и се посомневала дека е почината.
Полициски службеници излегле на местото на настанот и во просторија од стан на улицата Маџир Маало во Скопје било пронајдено женско тело и траги од крв. Од лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт.
Увид извршила увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото е предадено за обдукција.