Мајка и ќерка ослободени од Хамас, зошто отишле во Израел?

by Фокус

Откако групата Хамас објави дека ослободила двајца американски државјани од заробеништво во Газа, висок израелски функционер објави дека тоа се Џудит Ранан и нејзината ќерка Натали. Според „Тајмс оф Израел“, двете биле префрлени во Меѓународниот Црвен крст.

-Тие се жители на Еванстон, а во Израел дојдоа овој месец за да го прослават 85 роденден на роднина и еврејските празници – рекол нивен роднина.

Хамас неодамна објави дека ги ослободил американските граѓани од хуманитарни причини. Еден од функционерите на таа група рече дека тоа е нивна добра волја.

Поврзани новости