495
Две деца и нивната мајка, српски државјани, утрово загинале во сообраќајна несреќа на патот Демир Капија – Гевгелија. Несреќата се случила откако таткото кој управувал со автомобилот, удрил во бетонски столб.
Двете деца кои загинале се на помала возраст. Во сообраќајната несреќа е повреден и таткото, но тој е надвор од животна опасност. Од МВР ја потврдија информацијата.