621
Откако Лилјана Поповска се откажа од добитното место на пратеничката листа на СДСМ и коалицијата, на нејзино место ДОМ одлучи да ја стави Маја Морачанин. Таа е членка на ДОМ, а била и претседателка на жените и порпаролка на партијата.
На седница на Централниот одбор на ДОМ едногласно е поддржан предлогот Морачанин да ја претставува партијата на опозициската пратеничка листа.
Од ДОМ велат дека таа ги има сите атрибути да одговори на предизвикот бидејќи учествувала на сите нивоа на одлучување во партијата, била иницијатор за разни движења за правата на жените, а особено била активна и протестирала против ограничување на правото на абортус. Морачанин ја претставувала ДОМ на многу меѓународни собири на зелените.