Божиновски обвини дека Груевски и Мијалков го наместиле, Судот го казни со 2.000 евра

by fokus

Зоран Божиновски на денешното судење долго ја објаснуваше својата одбрана и посочи дека случајот за кој е обвинет е по нарачка на поранешниот премиер Никола Груевски и партијата ВМРО-ДПМНЕ, објави телевизија Алсат М.

Тој објасни дека помагачи за тој да биде осуден биле и поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, како и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.

На денешното рочиште, Судот го казни Божиноски со 2.000 евра поради „ непочитување и непримерно однесување во судница“.

Поврзани новости