Магдевски останува во МЗТ

by lali

Македонскиот репрезентативец Андреј Магдевски, потпиша уште две годишен договор со шампионот МЗТ Скопје.

Магдевски во изминатата година се проби во тимот на МЗТ со неколку одлични партии. Минатата сезона тој настапи на 26 средби во АБА2-лигата со просек од 4,9 поени, 2,7 скока и 2,7 асистенции додека во домашното првенство на 34 средби просечно реализираше 8,8 поени заедно со 3,7 асистенции и 3,1 скокови.

Магдевски беше член на младинската школа на Реал Мадрид, потоа во 2012 беше дел од кампот на легендарниот Мајкл Џордан. Покрај ова тој настапуваше во Партизан, ФЕНИ и Гостивар.

Поврзани новости