Шведскиот парламент денеска ја избра за нова премиерка Магдалена Андерсон, прва жена на таа функција во историјата на оваа земја. Таа претходно беше министерка за финансии.
Таа со тесно мнозинство е изгласана во пармалентот. Поддршка добила од 117 пратеници, 57 биле воздржани, а 174 против.
Педесет и четиригодишната економистка и поранешна пливачка на почетот на ноември е избрана на чело на Социјалдемократската парија, пренесе Танјуг.
Социјалдемократите во коалиција со Зелените немаат мнозинство во парламентот, но Левицата и Центарот, кои се надвор од владејачката коалиција ги поддржуваат повеќето од владините предлози.
Поради политичката криза, Левен соопшти дека во ноември ќе го напушти премиерското место , на помалку од една година од изборите, кои треба да се одржат во септември 2022.