Мадуро: Трамп спрема војна против Венецуела со помош на Бразил

by Фокус

САД подготвуваат план за војна против Венецуела, изјави венецуелскиот претседател Николас Мадуро на состанокот со гувернерите и градоначалниците во Каракас.

– Одлучија да подготват план за носење на војна и тероризам во Венецуела, за да ја дестабилизираат и исполнат со насилство, за покренување на вооружен судир и оправдание за воена интервенција врз нашата земја – истакна Мадуро.

Тој посочи дека САД за реализација на ова сценарио САД го избрале Бразил за сојузник.

-Бараме од демократските и хуманитарните кругови, народот на Бразил и вооружените сили на таа земја да запрат каква било авантура против Венецуела на американскиот претседател Доналд Трамп, со поддршка на претседателот на Бразил, Жаир Болсонаро – повика Мадуро.

Тензиите во Венецуела се зголемија САД го призна опозицискиот лидер Хуан Гуаидо за вршител на должноста претседател.

Поврзани новости