Во скопското село Таор, вчера околу 07.30 часот, 26-годишниот И.Б. се самоубил со ловечка пушка, информираат од полицијата. Самоубиството го извршил во една од собите во куќата каде што живеел. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на Институтот за судска медицина за обдукција.
Неколку часа подоцна, околу 03.30 по полноќ, на друга локација во градот, обид за убиство извршила 24-годишната А.К. од Скопје. Според билтенот на полицијата А.К. се фрлила од прозорец во зграда.
Од страна на Итна медицинска помош било излезено на местото на настанот, по што А.К. во неконтактибилна состојба е пренесена и задржана на лекување во Комплект клиники “Мајка Тереза” – Карил. А.К. се бори за живот, со здобиени повеќе фрактури по телото.