„Не се поддржани проекти од национален интерес, а се поддржани новоформирани здруженија на граѓани и компании кои се појавуваат за првпат и за сметка на претходните добиваат многу големи средства“ – рече Зоран Љутков од ВМРО-ДПМНЕ во гостување на тв Сител.
Тој посочи дека манифестацијата 60 години Рацинови средби во изминативе 60 години ја организираат три различни здруженија
„Трендот е намалување на обемот на администрација и уште во 2009 година Велес е една од првите општини која културните манифестации ги делегира на здруженија на граѓани што значи им помага на уметници кои се здружуваат во здруженија на граѓани. Тоа се некои европски трендови и ако тие ни сугерираат да се приближуваме побрзо до Европа зошто тогаш ова го враќаат во организација на Општина Велес“ – објасни Љутков.
Се осврна и на Македонското културно лето во Пустец и во Корча кое добива само 400 илјади денари укажувајќи дека македонската култура во оваа соседна држава заслужува многу повеќе.
Според него очигледно е дека има и низа пропусти во комисиите кои работат на ова проблематика.
„Минатата година во Комисијата за музејска дејност имавме наставник по биологија како тој ќе одлучува за оваа област, или оваа година е наставник по англиски јазик. Тоа е недозволив таму треба да бидат професионалци“, рече Љутков.