Лупевска за „Фокус“: Не ме плашат тужбите на Гечев, јавноста процени кој е за тужба, а кој не

by Fokus

Откако во синоќешното интервју на Топ тема на телевизија Телма, сопственикот на кавадаречката фабрика ИГМ Трејд, Илија Гечев и се закани со неколку тужби на уредничката на „Код“, Снежана Лупевска Созен, бидејќи според него го нарушила угледот на неговата фирма, таа во изјава за „Фокус“, тврди дека не се плаши од тужбите на Гечев.

„Заканите со тужби на бизнисменот Илија Гечев ги сфаќам како сатисфакција дека сум ја донела вистинската одлука објавувајќи ја сторијата за жртвите од неговата фабрика. Се согласувам дека вистината има две страни и затоа беше побарана изјава од него за Код, а потоа имав со него интервју. Негов избор беше како да ја искористи шансата за негов јавен настап. Јавноста процени кој е за тужба, а кој не – истакна Лупевска. 

Целата ситуација ескалираше откако во неделата во редовниот термин, кога се емитува емисијата Код беше цензуриран прилогот за трагичните судбини на двајцата работници во кавадаречката фабрика, од кои едниот починал, а другиот останал без рацете.

Откако приказната беше цензурирана, новинарката Лупевска и се обрати на јавноста дека поради притисок од газдата на фабриката  не бил емитуван прилогот. Тоа предизвика низа негативни реакции во јавноста, по што Гечев се појави во интервју на Топ тема, каде што уште еднаш ја искористи ситуацијата и и се закани со тужби.

Поврзани новости