1.2K
Првиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Георгиевски, го поддржа изборот на Христијан Мицкоски, кој на вчерашниот конгрес на партијата во Валандово беше избран за нов лидер.
„Христијан Мицкоски од сите имиња што беа кандидати за претседател на ВМРО-ДПМНЕ сепак е најнекомпромитиран, неизвалкан со афери, најенергичен и конечно најхаризматичен. Христијан има шанса да остави свој печат во ВМРО. Треба да му се даде шанса“, порача Георгиевски на својот фејсбук профил.