627
Проектната документација за Луна паркот се изработува, а седум реквизити веќе се набавени од претходната градска власт и се дел од проектната документација, соопшти градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.
Обезбедени се средства и за партерното уредување и за преостанатите реквизити и после Нова година ќе биде распишан тендер за нивна набавка.
Веќе набавените реквизити ќе почнат да се поставуваат по Нова година, а Луна паркот би требало да се отвори по забршување на летото, прогнозираат од Град Скопје.
К.С.Б.