Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Карпош, Сотир Лукровски, ги повика граѓаните во недела да излезат масовно на гласање и да ја потврдат победата од првиот круг.
-Кога се работи за луѓето од третото доба или за пензионерите, нудиме една програма на активно стареење, да ги инволвираме, да направиме една инклузивност во општината, да ги внесеме да бидат општествено одговорни, да бидат редари во раните утрински часови, да можат дечињата безгрижно да ги поминат учениците, да се вклучат во наводнувањето на парковите и така натаму и за тоа се надевам дека ќе успееме да обезбедиме и една материјална поддршка.
Ветив и до 12 илјади денари по основ и на договори за пензионерите со кој ќе можат да го подобрат своето живеење. Исто така, медицински екипи со санитетски возила, кој пензионерите ќе ги земаат од дома, ќе ги однесат до одредени прегледи и снимања и ќе ги вратат назад во своите домови – рече Лукровски на Сител.
Во врска со градењето, тој додаде дека планира Карпош хумано да се развива и за таа цел предвидено е да се направи јавно претпријатие Карпош план, кое ќе се занимава со урбанизацијата во општината.