913
Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави дека свесен е дека предолго е на власт, но, како што рече, без него целиот систем ќе пропадне, а потоа и државата. Според него, ако падне неговата власт, следна цел ќе биде Русија.
-Знаете ли што е заклучено со раководството и руските власти? Доколку падне Белорусија, Русија ќе биде следна – рече Лукашенко во интервјуто за руските медиуми.
Воедно, тој истакна дека не е како поранешниот украински претседател Петро Порошенко, кој е бизнисмен и милионер, но порача дека дури и да имал милиони нема да ја напушти Белорусија.