Царовска: Онлајн-платформата за настава нема веднаш да биде совршена, но ќе биде чекор напред

by Фокус

Единствената национална платформа за онлајн настава нема наставниците и учениците совршено да ја знаат од првиот ден на училишната година, но таа ќе стане алатка што ќе се користи не само во услови на Kовид туку и наредните години, вели министерката за образование и наука Мила Царовска.

-Се што правиме сега го унапредува образованието воопшто. Не е ова само состојба којашто сакаме да ја надминеме, па по секоја цена правиме платформа. Оваа платформа ја градиме сега, ништо нема да биде совршено оваа година, тоа морам искрено да го кажам, но градиме чекор плус во нашиот образовен систем со тоа што поставуваме една алатка којашто ќе им служи на сите наставници. Верувам дека во наредните неколку месеци сите ќе сакаат да работат на неа – рече Царовска на Сител.

Поврзани новости