Лукашенко на својот контра-протест: Надворешните сили поттикнуваат недоразбирање!

by fokus

Претседателот на Белорусија, Алкександар Лукашенко денеска пред своите приврзаници собрани пред Владатата одржа получасовен говор во кој обвини надворешни сили за протестите во земјата.

-Благодарам што дојдовте. Дојдовте тука за да ја заштитите вашата земја, независноста и вашите семејства! Како нација, ние избравме, но некој се обидува да ја украде нашата победа. Надворешните сили поттикнуваат недоразбирање и се обидуваат да го уништат тоа што е создадено со работата на нашите татковци. Нема да дозволиме некој да ја украде иднината на нашата земја. Раководството на НАТО бара од нас да одржиме нови избори. Ако ја исполниме нивната желба, тоа би било смрт на нашата земја, рече Лукашенко.

Додека се одржуваше митингот за поддршка на Лукашенко, околу 200.000 граѓани се собраа на другата страна од градот за Маршот на слободата, кој се оценува како најголем протест во историјата на Белорусија.

Поврзани новости