599
Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска во вечерашното гостување на Канал 5 рече дека не е точно дека има селективност во издавањето фискални сметки, како и дека затворањето на фирми кои не издаваат фискални сметки не е реваншизам, туку спроведување на законот.
-Граѓаните се еднакви пред законот и пред даночните обврски. Мал број на фирми не издаваат фискални сметки. Се обврзавме дека граѓанинот пред се и сите ќе бидат исти пред законот. Слуашаме секакви работи и по сите постапуваме. Не правиме селекција, одиме секаде и правиме проверки. Секаде каде што бевме имаше и локали кои воопшто немаат фискални каси, и локални кои имаат стари фискални каси. Такви имаше и во Чаир и во Битола, рече Лукаревска.