Битолските советници од ВМРО-ДПМНЕ се оградија од Талески: Неговата одговорност е индивидуална

by fokus 18:34
18:34

Советниците во битолскиот Совет од редовите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница рекоа дека веруваат во индивидуалната одговорност на  поранешниот градоначалник, Владимир Талески.

Ова тие го рекоа на барањето на советничката Габриела Илиевска од независната советничка група „Поинаку“ за формирање на привремена советничка Комисија која ќе го испита работењето на општина Битола и екс градоначалникот Валадимир Талески за париодот од 2005 до 2017 година.

- Advertising -

-Многу јасно се поставени останатите институции како судовите , полицијата преку кои се докажува нечија индивидуална одговорност. Не сакам да бидам погрешно сфатен. Ние веруваме во индивидувалната одговорност на секого, па и на поранешниот градоначалник Валдимир Талески. Но, сепак има начин како тоа да се докаже во следниотв период. Не би сакал да дозволиме да правиме циркузијада од Советот кој треба да ги решава проблемите на граѓаните, рече Борче Димитровски, координатор на советниците од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости