Како што претходно објави „Фокус“, лидерот на СДСМ, Зоран Заев ја предложи Сања Лукаревска за неговата заменичка, а предмалку Конгресот го прифати неговиот предлог и ја изгласа Лукаревска за заменик-претседателка на партијата.
Делегатите со големо мнозинство го поддржа предлогот на Заев и со 682 гласа „за“ ја назначија директорката на УЈП за заменик-претседателка. Имаше само два гласа „против“.
Пред денешиот Конгрес Лукаревска одби да одговори директно на прашањето на „Фокус“ дали таа ќе ја заземе оваа партиска позиција. Досега, осум години на оваа функција беше Радмила Шекеринска.
За назначувањето на Лукаревска за заменик-претседателка на СДСМ „Фокус“ веќе пишуваше во последниот број на неделникот.
Откако партискиот лидер Зоран Заев ја напушти намерата да ја укине оваа партиска функција, упатените посочуваат дека одлучил да предложи жена од Скопје, при што, покрај Лукаревска, тој размислувал и за универзитетските професорки Беса Арифи и Гордана Лажетиќ-Бужаровска.