Заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукревска, во емисијата „Трилинг” порача дека прогресивните сили во Собранието мора да победат, за, како што рече, да продолжи европскиот пат на земјата.
-Разговараме со сите политички чинители во рамки на Парламентот со цел да се поддржат уставните измени и да продолжи европскиот пат на земјата. Прогресивните сили мора да победат – рече Лукаревска, додавајќи дека СДСМ е политичка партија која во најтешки времиња носи важни, државнички одлуки.
Во 2024 година ќе има редовни парламентарни избори, потенцираше Лукаревска и посочи дека СДСМ е секојдневно на терен со граѓаните.
-Постојано сме меѓу граѓаните а не одиме само пред избори. Јас и кога одам на терен, рамо до рамо со граѓаните, го кажувам истото, дојдовме тука со крената глава за да ви кажеме што направивме, но и вие да не корегирате, што треба да менуваме, да одговориме на прашањата – порача Лукаревска.