„Државотворните одлуки кои сме ги носеле не само овој период, туку години наназад, и по цена на рејтингот на СДСМ, нашата заложба било дека граѓанинот е на прво место, државата, безбедноста, сигурноста, просперитетот, се исто така на прво место. Новиот состав од 120 пратеници треба да има заедничка свест, дека сите одлуки кои ќе ги носиме треба да бидат исклучиво за доброто на државата. Тоа се исто така и уставните измени“.
Ова меѓудругото синоќа го изјави заменик претседателката на СДСМ, носител на ИЕ 3 и директорка на УЈП – Сања Лукаревска во емисијата Клик плус на ТВ21.
Според Лукаревска, не треба целата концентарција на понудата на политичките партии треба да се однесува на уставните измени.
Таа посочи дека процесот е паралелен покрај за уставните измени, треба да се види и понудата и за транспортот и инфраструктурата, подобар стандард за граѓаните, подобра бизнис клима, младински политики, земјоделство, родови политики, повисоки плати и пензии.
Таа рече и дека „СДСМ има одлична коалиција во моментов. Нашите традиционални партнери остануваат во рамки на коалицијата со СДСМ, како и многу други вон парламентарни партии се дел од коалаицијата со СДСМ. Потпишавме меморандуми за соработка и со нови политички партии. Ние ја претставивме нашата рамка, нашиот план поединчно на секој колаиционен партнер и врз основа на тоа и самите тие ги носеа самите одлуки. Она кое што е наша заложба, европскиот пат е она кое што ќе не одбележи во наредниот период, одередени храбри мерки во речиси сите области и конзистентни економски мерки за добробит на граѓаните“.
На тема албански блок и поделеноста на две страни во него, Лукаревска истакна дека тоа се случува за првпат, да има окрупнети сојузи на две страни.
„Очекувам дека ќе има една фер и позитивна кампања. Ќе се бориме со мерките и проектите наместо со лични дисквалификации,“ рече Лукаревска.