Лукаревска: МојДДВ е најуспешен проект, не само на УЈП туку и генерално на сите економски мерки коишто постојат во функционирањето на Владата

by fokus

Во моментот, за време на викенд, во позадина правиме одредени промени и унапредувања на одредени евиденциски сегменти, ја подготвуваме мапинг платформата и најчесто тоа се рефлектира со нефункционирање на сајтот. Тоа е битно за да не направиме одредена дисторзија во рамки на системот. МојДДВ е најуспешен проект, не само на УЈП туку и генерално на сите економски мерки коишто постојат во функционирањето на Владата за што сум многу горда бидејќи ја гледам заинтересираноста, го гледам бројот на корисници.

Како еден од најуспешните проекти, континуирано си ја потврди својата оправданост. Очекувам да има поддршка од Министерството за финансии за да ја има уште едно покачување“, истакна Сања Лукаревска, директорка на УЈП и заменик претседателка на СДСМ, во живо на Радио Мрежа Канал 77.

Таа додаде дека оваа мерка мора да се унапредува и да опстои.

„Данокот не познава било каква припадност, тој е еднаков за сите. Ние кога постапуваме во делот на законот за регистрирање на готовински плаќања, за неиздавање на фискални сметки согласно плаќања за неиздавање на фискални сметки. Во Скопје имаме најголем број на контроли и најголем број на издадени решенија за забрана на вршење на дејност и должност. Потоа доаѓа регионот во Тетово, Гостивар, итн. Истовремено сме постапувале и во штипскиот регион и таа околина. Не постои некој регион којшто е повластен. Секојпат подедкво сме постапувале и никојпат нема да дозволам да се зборува дека некаде сме правеле отстапки или одредени региони се повластени“, потенцираше Лукаревска.

Таа додаде дека има одреден број на пријави коишто покажуваат дека некаде не успеваат да ги скенираат фискалните сметки и по таа пријава УЈП реагира веднаш, особено ако се работи за поголеми маркети.

„Кога се носи буџет за следната година добиваме соодветен план, колку треба да собереме во однос на ДДВ, данокот на добивка, данокот на личен доход, постои план којшто е усогласен со Министерството за финансии, како што постои интерен план во УЈП согласно нашите анализи и таму имаме соодветна поделба, колку треба да се собере во рамки на дирекциите за големи даночни обврзници, регионалната дирекција Скопје, Тетово, Штип, Прилеп, Битола, Струмица. Врз основа на тоа секојпат регионалните дирекции се во рамки на планот. Некојпат се и над планот. Во 2023 година имавме екстремно висок план, меѓутоа пресликувањето на одредени сегменти од она што значи енергетска криза се рефлектираше заради сменетиот режим на оданочување кај самите енергенси којшто направи мал пад во рамки на ДДВ“, посочи Лукаревска.

Таа заклучи дека УЈП секогаш се труди да детектира приходите од каде што може да се соберат за да се оствари планот.

Поврзани новости