720
Слушнавме дека генералниот секретар на ВМРО ДПМНЕ се заканува со бокс на жена. Кому тие велат „Исправи се” кога се чукаат во гради? Како и кого ќе исправат? Така што ќе удираат жени со бокс во лице? Тоа што го слушнавме од генералниот секретар на ВМРО – ДПМНЕ, Игор Јанушев е за најголема осуда. Лицемерна политика, лаги и манипулации е нивниот начин. Насилството е апсолутно недозволиво, истакна носителката на листата во Изборната единица 2, Сања Лукаревска.
Таа рече дека парламентарното мнозинство на СДСМ и на коалицијата му кажаа „не“ на насилството кога го изгласаа новиот Закон за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство, кој целосно е усогласен со Истанбулската конвенција.