Османи: Малцинската влада која ја споменува Заев е изборна реторика, ние ќе бидеме клучен фактор

by Frosina Fakova

Малцинската влада што се најавува меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ е изборна реторика, рече вицепремиерот од редовите на ДУИ, Бујар Османи на вечерашната дебата на „Само интервју“.

Иако новинарот постојано го прашуваше зошто предлагаат премиер Албанец, иако е нереална идеја, Османи не отстапуваше од тврдењето дека по 15 јули Северна Македонија ќе го има првиот премиер Албанец.

Тој повторуваше цело време дека иако за избор на премиер се потребни 61 пратеник, кои ДУИ тешко дека ќе ги освои, Османи сепак порачувапе дека тие ќе бидат клучен фактор во идната влада.

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев во минатонеделниот дуел изрази подготвеност да му отстапи пратеници на противникот Христијан Мицкоски за тој да формира влада, доколку ДУИ ја уценува СДСМ со премиер кој тие го предложуваат.

 

Поврзани новости