Лукаревска: Фирми ургираат за да не платат казна

by Фокус

Има фирми коишто не плаќаат данок и на крајот ургираат за да не платат, и покрај тоа што владата ја намалила висината на казните, изјави директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска.

-Борбата е со овие нерегистрирани компании кои не плаќаат данок, а прават голема штета. Тие се почесто мета на контроли, проверки блокирани сметки, од оние кои се регистрирани. Трагедијата да биде поголема, истите тие кои не работат добро, истите тие реагираат и бараат начин како да не ја платат казната. Да не заборавиме дека владата ја ублажи казнената политика. И на сето тоа повторно се ургира и повторно не сака да се плати казната – рече Лукаревска на ТВ 21.

 

Поврзани новости