Валандово во изминатите четири години се развива брзо, со досегашниот и идниот градоначалник Перо Костадинов, изјави заменик-претседателката на СДСМ Сања Лукаревска.
-Кој не дошол, не знае, затоа ќе им порачам, дојдете видете и научете како се води општина, како се сакаат општината и своите сограѓани, со секојдневни контакти и со многу работа. Да се биде Најдобар е секојдневно докажување на сите полиња, со знаење, со работа, со храброст да се преземе одговорност – рече Лукаревска.
Таа истакна дека во Валандово, со поддршка на централната власт, се реализирани десетина големи инфраструктурни проекти за рехабилитација на патната инфраструктура, систем за наводнување со опфат на повеќе населени места, обновена е комуналната инфраструктура, изградена е нова детска градинка „Калинка“ итн.
-Приоритет ни се потребите на граѓаните, квалитетот на живеење, затоа ги зголемивме минималната плата на 15.200 денари, а просечната на 28.764. Од 1 јануари идната година најавуваме 300 евра минимална и 500 евра просечна плата. Во услови на здравствена криза не отстапивме од ветувањето за поголеми плати. Платите се зголемени и во здравството и во образованието, во армијата, на рударите – посочи Лукаревска.