Лукаревска: Добро се чувствувам, се уште немам никакви симптоми

by fokus

Директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), Сања Лукаревска, пред пет дена ја информираше јавноста дека е заразена со корона вирусот. Таа е во добра здравствена состојба и се наоѓа на домашно лекување.

-Добро се чувствувам, немам се уште никакви симптоми и сум во самоизолација. Земам многу витамини, С, Д, Цинк исто така, и конзумирам многу здрава храна. Овошје и зеленчук во изобилие, вели Лукаревска во изјава за „Фокус“.

За разлика од неа, потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири, кој истиот ден како и Лукаревска откри дека е позитивен, чуствува симптоми и е на болничко лекување.

Тој за „Фокус“ посочи дека покачената температура, болка во коските и губењето на сетилата за вкус и мирис се дел од симптомите кои ги чуствува.

Лукаревска пред неколку дека им порача на граѓаните да ги почитуваат мерките.

-Најважно од сѐ – да кажуваме точни и навремени информации, да бидеме искрени со лекарите затоа што тоа е најголемиот акт на општествена одговорност. Коронаворусот е тука, со него ќе живееме долго време. Да си помагаме, да се поддржуваме, заедно ќе надминеме, порача Лукаревска.

В.В.

Поврзани новости