718
До крајот на месецот граѓаните кои скенирале фискални сметки ќе добијат поврат на ДДВ. Од 180.000 граѓани кои скенирале сметки, до вчера, 90.000 добиле поврат на ДДВ, а останатите ќе добијат поврат во најкус можен рок, уверуваат од УЈП.
-Законски повратот требаше да се исплати до крајот на месецот, но нашата заложба беше да се исплати побрзо, сепак останува до крајот на месецот да бидат сите исплатени. Станува збор за технички застој, бидејќи некаде има неточни податоци за трансакциски сметки кои ние ги проверуваме, а некаде граѓаните уште не ги внеле податоците за трансакциска сметка, вели директорката на УЈП, Сања Лукаревска.