Заменик-претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, вечерва преку фејсбук се заблагодари за довербата да ја извршува оваа висока партиска функција. Таа најави дека заедно со останатите партиски функционери ќе продолжат да градат општество според, како што порача, социјалдемократските вредности – праведно, правично и хумано.
„Навистина е чест да се биде заменик претседателка на СДСМ, партијата во која пораснав, со која се изборивме да ги вратиме слободата во државата и достоинството на граѓаните. На овие темели го трасиравме патот за напредок и докажавме дека можеме уште повеќе. Останавме верни на нашите вредности дури и во време на најголемата светска криза во поновата историја. Поддршката за граѓаните секогаш беше и ќе остане наш приоритет“, напиша Лукаревска.