Луѓето со пониски когнитивни способности значително потешко и побавно одлучуваат за вакцинација, покажа големото истражување спроведено на над 700.000 луѓе во Шведска. Резултатите се покажаа веродостојни дури и откако научниците контролираа голем број други фактори кои можеа да влијаат на одлуките на луѓето. Потврдени се и преку споредби меѓу близнаци.
Авторите во воведот истакнуваат дека резултатите од студијата сугерираат дека сложеноста на одлуката за вакцинација може да им отежне на поединците со пониски когнитивни способности да ги разберат придобивките од вакцинацијата. Оттаму препорачуваат политиките за вакцинација да бидат што поедноставни и охрабрувачки. Како ефикасна мерка предлагаат автоматско, неселективно нарачување на сите пациенти за вакцинација, иако тоа е доброволно.
Во воведот на студијата, тимот посочува дека примарната алатка на политиката за ставање крај на пандемијата на Ковид-19 во повеќето западни земји е да се постигнат високи стапки на вакцинација што е можно побрзо.
Но, додека многу поединци со ентузијазам ја искористија можноста да се вакцинираат, други беа побавни, а значителен број се воздржаа да се вакцинираат, ставајќи се себеси и другите на непотребен ризик од тешка инфекција со Ковид-19. Ова сугерира дека пристапот „една големина одговара на сите“ во кој стратегиите за промоција на вакцинацијата се засноваат на информации, како што е усвоен од многу земји, бил ефикасен бидејќи генерално резултирал со високи и брзи стапки на вакцинација кај голем дел од населението. Сепак, тоа исто така сугерира дека бил неефикасен за помал, но сепак значителен дел од населението, истакнуваат истражувачите.