По поразот од Карлос Алкараз во финалето на Вимблдон, Новак Ѓоковиќ го пофали младиот Шпанец, велејќи дека има малку од него, малку од Роџер Федерер и малку од Рафа Надал во својата игра. Секако дека новинарите мораа да го прашаат Карлитос за таа изјава…
Алкараз уште еднаш покажа дека ќе биде најголемата ѕвезда на светскиот тенис во следните десет до 15 години. Го освои својот втор Грен слем, а има само 20 години. Новак Ѓоковиќ не можеше да не го пофали по финалето на Вимблдон.
„Лудо е тоа што го кажа Новак искрено. Но, јас се сметам за комплетен играч. Имам добри удари, физички сум силен, ментално сум доволно силен во тие тешки ситуации. Не знам, веројатно е во право. Но, не мислам на тоа. Ќе размислувам само да бидам Карлос Алкараз, но веројатно имам некои квалитети од секој играч, изјави Алкараз.
По Отвореното првенство на САД минатата година, Карлос сега го освои Вимблдон и се уште владее со светскиот тенис и има 880 АТП поени повеќе од Ѓоковиќ на врвот на АТП листата.