27-годишната А.Д. од Скопје го пријавила своето поранешно момче за киднапирање и напад. Љубовната драма се случувала на први месецов. А.Д. чекала автобус на автобуската постојка на Бит Пазар кога била киднапирана од нејзиното поранешно момче, 22 годишниот Ф.Ќ.
„Додека стоела на автобуската постојка на Бит Пазар, истиот ја повикaл да влезе во неговото возило, а потоа излегол од него и насилно ја внел во возилото со цел да разговараат за причините за прекинатата љубовна врска. Потоа се упатиле кон Парк шумата „Гази Баба“ каде физички ја нападнал. Истиот и ги одзел личните документи и се оддалечил од местото на настанот, а по кратко време ја пресретнал и ја однел со возилото на бензинска пумпа каде побарала помош од вработените. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот“, велат од полицијата.