Во порака на социјалната мрежа „твитер“, лидерот на најголемата опозициска партија во Грција, Неа Демократија, Кирјакос Мицотакис, побара одржување на предвремени парламентарни избори во Грција.
„Вчера реков дека господинот Ципрас е премиер во заминување. Патетичната појава денеска, на неговиот коалициски партнер, господинот Каменос, тоа го потврди во целост. Сега, сѐ што може да направи Ципрас е да потврди датум за избори“, напиша Мицотакис на твитер.