Љубе Бошкоски со писмо од Идризово

by Фокус

Да продолжиме да сонуваме будни верувајќи само во искреноста на своите чувства, иако помешани со радост и болка со силен заскриен и неискажан крик за Македонија во се што е акумулирано во нас, да ја претвориме во силна ОБЕДИТЕЛНА  енергија силно верувајќи во обединувањето  за Македонија. Ова од затворот „Идризово“ им го порача Љубе Бошкоски на своите сопартијци, по повод основањето на партијата Обединети за Македонија на денешен ден.

– Честитки до оснивачите, членовите, симпатизерите и до сите граѓани на Македонија, на оние со нескршлив дух и идеал за ВМРО и Македонија. До сите кои не го подарија големиот идеал за богаствата на животот кои и така е минлив. Стратегијата која ја најавивме во првата половина од оваа деценија преку нашите јасни програмски цели беше забавена, не по наша вина, но не беше запрена, иако силно опструирана на нејзиниот јасен пат по кој треба да се движи Македонија – се наведува во соопштението од Бошкоски.

Тој додава дека, пред нив е втората половина на оваа деценија која ќе биде силно обележана, не само како политички субјект, туку како фактор на одлучување, без кои не може да се замисли политичката иднина на Македонија.

– Нашиот ПОБЕДОНОСЕН ОД продолжува, нашите програмски цели ќе бидат реализирани не како политички фрази и политички клишеа но како реалност Македонска. УРА  за Македонија, ура за Обединети за Македонија идеологијата која останува во нас, во нашиот БУДЕН СОН за единствената наша, вечна и бесмртна Македонија – се наведува во соопштението.

Поврзани новости