Љубчо има совет за Ахмети

by Фокус

Али Ахмети да не се обврзува дека ќе излезе од Владата ако не влеземе во НАТО во септември, што е веќе сосема јасно, туку да остане и со своето силно политичко влијание да помогне за остварување на оваа цел, порачува партијата на Љубчо Георгиевски во денешното соопштение.

„ВМРО-Народна партија ја поздравува одлуката на ЕУ за доделување кандидатски статус на соседна Албанија. Ја користиме оваа прилика да упатиме искрени честитки до албанскиот народ и нивното раководство за храброста со која ги прифаќаат и спроведуваат на дело основните принципи, начела и правила на ЕУ. ВМРО-НП сепак, не може а да не ја потсети македонската јавност дека во времето кога Македонија беше пред портите на ЕУ, Албанците не ни сонуваа за ваков среќен развој на настаните за нив. Владата на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ со својата стерилна меѓународна политика, сериозниот застој во спроведувањето на реформите и тотално нарушената демократска атмосфера, ја доведе Македонија во ситуација, сите соседи дури и Албанија да нѐ претркаат на патот кон ЕУ и кон НАТО“.

По повод информациите пуштени на некои портали дека ВМРО-Народна партија ќе биде избришана од судскиот регистар, од партијата велат дека се работи за најобична шпекулација и дезинформација пуштена од страна на владеачката партија ВМРО-ДПМНЕ .

„Јасно е и зошто! ВМРО-Народна партија сите ја препознавааат како единствен легитимен наследник која во контиунитет ги афирмира и практикува изворните вредности на историското ВМРО. Сакаме да ја потсетиме македонската јавност дека ова е четврти неуспешен обид на владеачката партија да ја укине ВМРО-Народна партија и препорачиваме понатаму да не се обидува да си поигрува со чувствата на членството, симпатизерите и сите граѓани кои во насго препознаваат вистинското ВМРО“.

Поврзани новости