Љубчо Георгиевски: Зборуваме за македонски идентитет, а на свадби не ја пееме македонската песна

by fokus

Поранешниот премиер Љубчо Георгиевски во дебата за ЦИВИЛ, смета дека идентитетот не може да се смени со Преспанскиот договор, туку со тоа што не се пеат македонски песни на прослави.

„Играле ора на македонски, пееле песни на македонски и зборувале на македонски… Ајде да видиме колку ние самите во Македонија се грижиме за сопствениот македонски идентитет. Да посетиме една македонска свадба, една македонска прослава, јас ви гарантирам дека македонската современа нација и македонската современа држава се единствените на Балканот, каде што сопствената национална песна е малцинска во споредба со другите културни влијанија. Ние ништо не правиме, зборуваме за македонски идентитет, а кога треба да прославиме свадба, роденден или именден, ние не ја пееме македонската песна, и зборуваме дека некој друг ни го загрозува македонскиот идентитет. Не, ние самите го загрозуваме“, изјави Георгиевски.

Поврзани новости