Љубчо Георгиевски со систем на комуни ќе го спречува иселувањето

by fokus 13:56
13:56

Лидерот на ВМРО-НП, Љубчо Георгиевски, денеска презентираше решение за проблемот со иселувањето на граѓаните од Македонија.

-На Република Македонија и се случува депопулација, бегство во поголемите градови или во странство. Во моментов имаме 1800 населени места, а само 80 општини. Ние во Македонија ќе направиме секое село да биде општина, систем на комуни, рече Георгиевски.

- Advertisements -

Според него, со ова ќе спласне мултиетничката напнатост, бидејќи системот ќе биде прифатен за сите, а ќе се врати економскиот импулс во секое село.

-Секое село ќе може да создаде економски импулс. Подобро да ги вработуваме во селата отколку да се полни администрацијата во Скопје. Овој модел функционира во цела Европска Унија, а кај нас ниедно село нема жиро сметка. Оваа промена е решение за многу проблеми и би требало да биде прифатена од многу структури, рече Георгиевски.

Поврзани новости