Арачиновец избегал од Судот преку прозорец

by fokus

Приведен дваесет и деветгодишен арачиновец вчера избегал од Кривичниот суд каде бил донесен да му се одреди мерка притвор. Тој успеал да избега откако судијата ја потпишал наредбата и полициските службеници излегле надвор пред канцеларијата и скокнал од прозорецот.

Ниту обезбедувањето на Кривичниот суд, ниту полицајците кои го привеле и со писмена наредба за итен притвор го донеле во Судот, не успеале да го запрат.

Арачиновецот е осомничен за криумчарење мигранти и имал обврска секој понеделник да се јавува во Судот.

Поврзани новости