Лидерот на ВМРО-НП, Љубчо Георгиевски, денеска презентираше решение за проблемот со иселувањето на граѓаните од Македонија.
-На Република Македонија и се случува депопулација, бегство во поголемите градови или во странство. Во моментов имаме 1800 населени места, а само 80 општини. Ние во Македонија ќе направиме секое село да биде општина, систем на комуни, рече Георгиевски.
Според него, со ова ќе спласне мултиетничката напнатост, бидејќи системот ќе биде прифатен за сите, а ќе се врати економскиот импулс во секое село.
-Секое село ќе може да создаде економски импулс. Подобро да ги вработуваме во селата отколку да се полни администрацијата во Скопје. Овој модел функционира во цела Европска Унија, а кај нас ниедно село нема жиро сметка. Оваа промена е решение за многу проблеми и би требало да биде прифатена од многу структури, рече Георгиевски.