480
Улица во Дорјан ќе се вика Љубчо Георгиевски, во чест на поранешниот премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, доколки Советот на општината го прифати предлог на претседавачот Ристе Џинов.
Според Џинов со именување на улица во Дојран ќе се одбележи придонесот на Георгиевски во ревитализација на Дојранското езеро преку проектот кој беше реализиран во 90-тите години кога се подигно нивото на водата.
Исто така под водство на Георгиевски како премиер се направи градежен зафат за обвнова на шеталиштето во Дојран, па на овој начин Советот на општината сака да му се оддолжи.