ЛП: Зошто е блокирана сметката на Макпетрол, кога кривичните се за физички лица?

by Фокус

Либералната партија излезе со соопштение по повод блокираната сметка на Макпетрол и кривичните пријави за раководството на компанијата. Од партијата сметаат дека е бесмислено да се блокира сметката на ,,Макпетрол” кога кривичните пријави се однесуваат на физички лица. Понатаму, велат дека ако МВР е загрижено за правата и средствата на акционерите што според нив се оштетени, тогаш не може тие да се обесштетат ако се замрзнати сметките на Макпетрол и ако фирмата.

-Ако фирмата не може да работи, кој ќе ја превземе улогата на „Макпетрол“ во снабдувањето со горива и гас? Што ќе биде со платите на преку 1.000 вработени во „Макпетрол“ и неговите фирми? И конечно, во услови кога цената на горивата на светскиот пазар се намалуваат, дали Владата со овој потег сака да направи вештачко зголемување на цената на горивата во Македонија, да преземе или вештачки да создаде пазар за нови компании блиски до неа, и со тоа да обезбеди неоправдана добивка на други компании во Македонија и/или зголемување на приливот во буџетот?, прашуваат од Либералната партија.

Тие ја повикаа Владата да ја одмрзне сметката на Макпетрол, за компанијата да може да продолжи да работи непречено.

 

Поврзани новости