ЛП: Владата психолошки малтретира со екстерното на факултетите

by Фокус 14:03
14:03

По екстерното тестирање во основното и во средното образование, со воведувањето на екстерното тестирање на факултетите, Владата продолжува со психолошкото малтретирање на учениците и на студентите, нивните родители и наставниот кадар, се вели во денешната реакција на Либералната партија.

– Со овој „проект“ Владата се обидува да ги ублажи последиците од екстремниот број факултетски дипломи со сомнителен квалитет поради непромислената експанзија на високото школство, да ги натера на послушност професорите и асистентите во високо-образовните институции и да ги врами во рангот на државни службеници. Јасно е дека и овој парцијален обид на Владата ќе остане неуспешен, поради предлабоките и суштински грешки во изминатите осум години и потврдува дека Владата нема концепт во образованието. Екстерното тестирање на факултетите е признанието на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ за колапсот на концептот според кој образованието е „магацин“ за одлагање на пристапот на младите до пазарот на трудот – велат од партијата на Ивон Величковски.

- Advertising -

Поврзани новости