481
Водењето на Општина Центар е специфична работа, и оттаму дилемата дали ќе се кандидирам на следниот Конгрес, кој треба да се одржи на пролет наредната година. Може и да се кандидирам, но може и не, изјави денеска претседателот на ЛДП Андреј Жерновски со што ги потврди информациите објавени во медиумите дека тој размислува да го напушти кормилото на опозициската партија.
– ЛДП е демократска партија, и секој може да се пријави на наредниот Конгрес за лидер. Претседателот треба да биде избран во демократска поцедура – вели Жерновски.