– Отворањето постапка во Уставниот суд за оценка на уставноста на Законот за помилување во делот на помилување лица што сториле кривични дела поврзани со изборниот процес за Либералната партија веќе значи навестување на уште поголеми слободи на насилниците во изборниот процес. Ваквата постапка значи можност за помилување на лица што го криминализирале изборниот процес и ја попречувале и искривувале волјата на гласачите, се вели во соопштението на Либералната партија (ЛП).
Според ЛП, во очекување на претстојни парламентарни избори како дел од излезот на тековната криза, кога и да се одржат тие, со отворањето на постапката и веќе извесната одлука на Уставниот суд, органот задолжен за заштита на уставноста практично ги охрабрува сите насилници да вршат кривични дела и преиначување на искажаната волја на граѓаните.
Либералната партија предупредува дека тоа е вовед во дополнително разгорување на изборното насилство и нов елемент за продлабочување на кризата.