Гaрет: Какви се овие вести од Уставен?

by Фокус

-Какви се овие вести за помилување на изборни измами? – праша британскиот амбасадор Чарлс Гарет на социјалната мрежа Твитер како реакција на одлуката на Уставниот суд да прифати да ја разгледува иницијативата за измени на Законот за помилување, со која повторно му се дава право на претседателот на државата да помилува лица осудени за изборни нерегуларности.

Иницијативата за амнестирање на лица инволвирани во изборни нерегуларности е покрената од младиот охридски адвокат Ристо Китески кој работи во адвокатска канцеларија на адвокатот Љупчо Наумовски, бранител на осомничени лица во случајот „Титаник“, како што е Јанкуловска.

Наумовски за Телма потврдил дека помладиот негов колега подготвува и други иницијативи за пред Уставниот суд.

Поврзани новости