ЛП: Спасовски да го исчисти МВР од партиските инсталации на ВМРО-ДПМНЕ

by fokus

Либералната партија го поздрави зголемениот број полициски патроли што ги најави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

„Го повикуваме министерот Спасовски уште потемелно, побрзо и поефективно да го исчисти Министерството за внатрешни работи од непрофесионалците и партиските инсталации поставени од ВМРО-ДПМНЕ кои го претворија во партиски апарат кој својата кулминација ја доживеа на 27 април“, стои во реакцијата од Либералната партија.

Од партијата ја повикаа полицијата од сега па натаму да казнува прекршители секојдневно, без да води сметка дали станува збор за министер, пратеник, директор или некоја друга функција или статус, а со цел да престане неказнетото гинење на скопските улици и патиштата низ Македонија.

 

Поврзани новости