376
Либералната партија денеска предупреди дека ако политичките субјекти вклучени во преговорите сакаат да спречат ескалација на политичката во финансиска криза потребно е итно да започнат преговори за суштинска трансформација, вклучително намалување на прекумерните буџетски трошења, вишоците во администрацијата и трансформацијата на првиот столб на пензиското осигурување.
– Државните органи, вклучително Владата на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ, треба да се водат од државните интереси и нив ги штитат, а банките да продолжат да се водат од својата деловна политика. Оттука, банките не може да сносат одговорност за своето делување доколку истото е согласно законот, се вели во соопштението на ЛП.