481
Либералната партија со осуда на изјавата на министерот за надворешни работи Никола Попоски дека Македонија ја разгледува можноста за изградба на ограда на својата граница по примерот на Унгарија, за да го сопре големиот прилив мигранти.
– Го определивте ли и новинарот што ќе сопнува бегалци со деца во рацете – прашува претседателот на Либералната партија, Ивон Величковски.
Тој бара одговор од министерот и Владата кога почнале да ја разгледуваат ваквата опција, по чие овластување и по чија иницијатива.
Од Либералната партија велат дека оградувањето на границата е бесмислица. Затоа, министерот Попоски може да размислува за поставување жичена ограда околу седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, а не на македонско-грчката граница“, изјавил претседателот Величковски по синоќешната седница на извршниот комитет на ЛП.